Раде Шербеџија уште еднаш докажа зошто плени со својот талент и изведба
На 1 февруари, Македонската Филхармонија се претвори во времеплов на емоции, стихови и спомени. Раде Шербеџија уште еднаш и’ докажа на македонската публика зошто важи за мајстор на сцената.
Секоја негова рецитација и музичка изведба ги оставаше присутните без здив, но особено трогателен момент беше изведбата на „Елена ќерко“ во дует со актерката Јана Стојановска, која познатиот актер и’ ја посвети на Фросина Кулакова, девојката што трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа на „Партизанска“.
Поврзани објави
За време на концертот, Шербеџија рецетираше стихови од Чехов и Крлежа, а вечерта ја заврши со рецитација на „Не дај се Инес“ и со тоа им приреди незаборавна уметничка вечер на македонските обожаватели.
Незаборавен концерт на Раде Шербеџија
Претходно
1 од 19
Следно
ФОТО: ГОРАН ДЕСКОВСКИ