Почетна Убавина и здравјеКајли Џенер му поставила бизарно правило на Тимоти Шаламе – Убавина и здравје

Кајли Џенер му поставила бизарно правило на Тимоти Шаламе – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Кајли Џенер му поставила едно правило на својот партнер Тимоти Шаламе, и тоа станало главниот извор на нивните караници

Кајли Џенер (27) му забранила на својот партнер, актерот Тимоти Шаламе (28), да снима интимни сцени во филмови.

„Тимоти нема проблем со снимањето такви сцени, но на Кајли тоа воопшто не ѝ се допаѓа“, открил извор близок на актерот.

„Не ѝ се допаѓаат деталите од снимањето што неодамна ги откри Гвинет Палтроу во едно интервју и сака Тимоти да не снима веќе интимни сцени.

Тимоти, како актер, сака да ги испроба сите подрачја од своето занимање и не е среќен што Кајли сака да му ги забрани 18+ сцените. Тоа стана главниот извор на караници меѓу нив двајца“, додал изворот.

Инаку, младиот актер снимал низа интимни сцени за филмот Marty Supreme, во кој го глуми пингпонг-играчот Марти, додека Гвинет Палтроу (52) ја игра неговата љубовница.


Поврзани објави

Во неодамнешно интервју за „Венити фер“, Палтроу отворено зборувала за снимањето интимни сцени во тој филм, што, наводно, воопшто не ѝ се допаднало на Кајли Џенер.

Палтроу открила дека таа и Шаламе снимиле многу сцени со интимни односи и дека тој многу професионално и сериозно си ја сфаќал работата на сетот.

„Сега дознав дека на сетовите постои нешто што се вика координатор за интимни сцени. Во мое време, само се соблекувавме голи, се фрлавме на кревет и камерите се вклучуваат“, открила Гвинет во интервјуто.

ФОТО: Инстаграм