Европската унија нема да отстапи пред царските притисоци на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на Гренланд, потврди денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.
Таа истакна дека Унијата нема желба да влезе во спор со САД, но располага со широк арсенал на механизми за одбрана на своите интереси, особено во контекст на Гренланд. Калас јасно порача дека „суверенитетот не е на продажба“.
„Безбедноста во Арктикот претставува заеднички интерес за трансатлантската заедница и можеме да водиме дијалог по ова прашање со нашите американски партнери. Меѓутоа, заканите со царини не се конструктивен пат за постигнување на тоа“, изјави Калас на платформата X, по средбата одржана во Брисел со данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Мотсфелд.
Калас повтори дека „суверенитетот не е предмет на трговија“, и ја потврди позицијата на ЕУ дека нема да попушти пред, како што ги окарактеризира, царските закани од страна на американскиот претседател Доналд Трамп.