Пејачката го изненади својот долгогодишен фризер со необичен и хумористичен подарок кој сите ги расплака од смеа во ресторанот.
Пејачката Катерина Каќа Грујиќ направи незаборавно изненадување за својот долгогодишен фризер Пеѓа Божиќ. За неговиот роденден, таа му подари – јагне! Несекојдневниот подарок го остави Пеѓа без зборови.
Кога Каќа влезе во ресторан со јагнето во раце, сите присутни се расплакаа од смеа.
Таман кога мислам дека ништо повеќе не може да ме изненади, Каќа ме демантира. За еден роденден ми купи куче, а сега јагне. Знае дека ги сакам животните, па веројатно затоа секогаш одбира нешто необично“, изјави Пеѓа.
Поврзани објави
Во својот препознатлив стил, Каќа додаде:
Што да купам на човек кој има сè и ништо не му треба? Јагнето ќе го чуваат неговите родители во Вршац, а Пеѓа ќе го посетува секогаш кога ќе замине таму.“
Овој необичен и хумористичен роденденски момент уште еднаш покажа колку креативност и чувство за хумор има пејачката, а сите присутни го паметат како еден од најзабавните моменти на славјето.
printskrin Youtube – HYPE TV katerina zivkovic