Каролина Гочева не го криеше воодушевувањето од новиот проект на Тамара Тодевска, а една стара снимка од нејзините почетоци ѝ разбуди посебни спомени.
Каролина Гочева ѝ упати јавна честитка на Тамара Тодевска по промоцијата на визуелниот албум „Кукла жива“. Таа сподели дел од видеото за песната „Брана“, посветена на мајката на Тамара, а особено внимание привлече архивската снимка со која започнува видеото.
На снимката Тамара е уште дете и настапува во 1991 година со Маријана и Росана. Токму тој момент ја потсетил Каролина на времето кога ја запознала својата колешка, па со емотивна порака ѝ честиташе за новиот музички подвиг и порача дека е горда на неа.
Малечкото и плаво девојче кое го познавам уште од далечната ’91“, напиша Гочева, издвојувајќи ја старата снимка како еден од најубавите моменти во видеото.
Поврзани објави
Во продолжението на приказната се појавува и Тамарината ќерка Хана, што дополнително ја нагласува семејната нишка.
„Кукла жива“ носи 10 песни и 10 визуелни приказни, создадени како пресек на различни периоди од 25-годишната кариера на Тодевска. Музичката продукција и аранжманите се на Џијан Емин, а визуелниот дел го режира Мартин Трајановски. Следниот голем настан за Тамара е солистичкиот концерт на 7 декември во арената „Борис Трајковски“, каде што новиот материјал ќе го изведе во живо со оркестар.
Instagram pritnscreen