Канадскиот премиер Марк Карни доцна синоќа во соопштение на платформата „Х“ изјави дека неговата влада ќе продолжи да ги брани канадските работници и компании во трговските разговори со САД во врска со ова прашање, додека работат на остварување договор во рамките на новоутврдениот рок, кој сега е 1 август.
Ова дојде откако Доналд Трамп вчера покрена давачки против Канада, кој изјави дека САД ќе воведат данок од 35 проценти на увозот следниот месец и имаат намера да воведат општи давачки од 15 или 20 проценти за најголем дел од другите трговски партнери.
Во неговото писмо до Карни, Трамп посочи дека доколку Канада соработува со САД во спречувањето на увозот на фентанил во државата, Вашингтон може да размисли за промена на давачките.
Канадскиот премиер се осврна на оваа тема: „Канада постигна витален напредок во ставањето крај на неволјата од фентанил во Северна Америка. Ние сме посветени на продолжување на соработката со САД за да спасиме животи и да ги заштитиме заедниците во двете наши земји“, додаде тој во својата објава.
Премиерот минатиот месец изјави дека тој и Трамп се согласиле да постигнат нов економски и безбедносен договор во период од 30 дена.
Карни, кој ја предводеше неговата Либерална партија до изборна победа претходно оваа година со ветување дека ќе се справи со трговските предизвици со САД, имаше за цел да преговара за трговски договор со нивниот главен трговски партнер до 21 јули.
мс/фото: ЕПА .