Јелена Карлеуша евоцираше спомени од времето кога таа беше дел од стручното жири во рамките на популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ и не ја пропушти оваа можност повторно да поткачи своја колешка. Сепак од напишанто не може со сигурност да се одреди дали Карлеуша реферира на својата ривалка Цеца, која ја замени во популарното шоу, или на Вики Миљковиќ, која беше дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“ во истиот состав и со Карлеуша.
Поврзани објави
Меѓутоа во коментарите покрај поддршката, може да се прочита и дека нејзината публика не се согласува со ставот дека токму Цеца го уништила сјајот на Ѕвездите на Гранд. Сепак на објавената фотографија се гледа Вики, па многумина претпоставуваат дека оваа објава не е посветена на Цеца, туку на нејзината кума Вики Миљковиќ.