Почетна ЕкономијаКамион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка во Самоков, сообраќајот е во прекин

Камион излета од патот Деве Баир – Крива Паланка во Самоков, сообраќајот е во прекин

од nenad
1 минути читај за

Товарно возило скршнало од главниот пат Деве Баир – Крива Паланка во близина на Самоков, што резултираше со прекин на сообраќајот за сите возила во двата правци од 17:10 часот попладнево.

Според информациите од АМСМ, на коловозот се расфрлани метални предмети што ги транспортирал камионот.

Сообраќајот на останатите државни патишта, според АМСМ, се одвива тековно, по навлажнети коловози, а густината на сообраќајот на патиштата надвор од урбаните зони е со среден интензитет.

На граничните премини од наша страна, не се забележани подолготрајни чекања за влез и излез од земјата.

Се советува приспособена брзина, придржување кон поставените сообраќајни знаци и внимателно управување со возилата, особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде што постои веројатност од појава на одрони.

Ова особено важи за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мч/вг/фото: МИА

Извор: МИА