Почетна ЕкономијаКако политичарите ТРЕБА и НЕ ТРЕБА да комуницираат со новинарите во моменти на трагични настани

Како политичарите ТРЕБА и НЕ ТРЕБА да комуницираат со новинарите во моменти на трагични настани

од nenad
2 минути читај за

Политичарите во моменти на трагични настани не треба да покажуваат ароганција и незаинтересираност. Не треба да бидат одбивни, нетрпеливи или иритирани. Од Здружение на новинарите на Македонија ги соопштија сите насоки коишто политичарите треба да ги следат кога ќе комуницираат со новинари во моменти на трагични настани. Насоките се дадени за како политичарите ТРЕБА и како НЕ ТРЕБА да комуницираат со новинарите коишто ги пренесуваат сите информации до јавноста. ПОЛИТИЧАРИТЕ НЕ ТРЕБА ДА … Политичарите во моменти на трагични настани не треба да покажуваат ароганција и незаинтересираност. Не треба да бидат одбивни, нетрпеливи или иритирани. Задолжително треба да избегнуваат сарказам, превртување на очи или покажување на надмоќност. Не треба да ја минимизираат трагедијата и не префрлајте вина на други.