Градоначалничката Данела Арсовска денеска потпиша Меморандум за соработка меѓу Градот Скопје и Градот Рим, соопшти градоначалничката на Фејсбук.
– Со градоначалникот на Градот Рим, Роберто Гуалтиери, денес потпишавме Меморандум за воспоставување соработка, пријателски релации, заеднички активности, размена на искуства од областа на културата и животната средина, како и за изнаоѓање заеднички решенија на предизвици од социо-економски карактер.
Со Меморандумот Скопје и Рим ќе поддржат и поттикнуваат реципрочна поддршка за иницијативи насочени кон соработка и развој во областа на урбанизмот, во областа на урбаната регенерација, заштитата на животната средина, културата и за иницијативи насочени кон соработка и развој во областа на инклузијата и иновациите.
На денешната средба, го запознавме градоначалникот Гуалтиери за активностите на Град Скопје во рамките на кандидатурата на Скопје за титулата Европска престолнина на културата и ја истакнавме поддршката на Скопје за кандидатурата на Рим за Експо 2023. – напиша Арсовска на Фејсбук.
.


