И ова лето кралот на ноќните свирки, познатиот пејач Драган Темелков-Џони е букиран секој викенд, а богами и во работните денови. Периодов најчесто настапува на „Егоист“ барот на плажа, во балканскиот бисер Охрид.
Секако дека за исцрпувачките настапи каде 100 % и се дава на публиката, мора некаде да ги „наполни и батериите“.
Во принцип не сака многу да се фотографира, најчесто ги превзема инстаграм приказните кои ги споделуваат неговите обожавателки.
Поврзани објави
Сепак оваа седмица тој им покажа на фановите како се разладува на топлото време. Темелков внимава и на линијата па за ручек избра да си касне лубеница. Инстаграм приказната ја поткрепи со автентичната охридска песна „Лихнида кајче веслаше„
Добар апетит и наздравје Џони!