Писмо од членови на СДСМ од Струмица: Секој ден нови бисери од Струмичкиот директор на Затвор Струмица Зоран Ристов. Директорот на Затворот кој истиот е инвалидизирано лице со недостаток на десната рака (до лакт) и воопшто нема дланка истиот е добил дозвола за оружје. Се прашуваме како и на кој начин ја има добиено таа дозвола,кој е стручњакот од МВР што му одобрил вакво нешто? Зоран Ристов беше доскорашен претседател на здружението Размислувај Различно,а од 07.07.2024 е назначена неговата сопруга Македонка Галева Ристов (воспитувачка во затворот). Министерот Тошковски на 23.07.2024 најави ревизија на дозволите за оружје,ајде Министре Тошковски испитај како и на кој начин е добиена дозволата за оружје . Според член 9 став 3 од Законот за оружје кој вели”здраствено е способно да поседува и носи оружје” а во врска со член 9 став 1 точка 3 од истиот закон вели “се утврдува лекарски преглед и се докажува со лекарско уверение”. Очигледно Зоран Ристов е направил добар фалсификат. Истрагата е во тек!!
Зоран Ристов во изјава за Мактел вели дека има 6 пушки дека неговата фамилија има долга традиција на ловџиство и дека неговиот инвалидитет не му смета да ракува безбедно со пушка и дека треба да им служи на чест на тие што политички го користат неговиот инвалидитет за политички да се пресметуваат со него.