Table of Contents
Оние кои претпочитаат да ги лакираат ноктите дома, наместо да одат кај професионалец, многу добро знаат колку е тешко да се одржат сјајни и средени подолго време
Експертите се согласуваат дека возможно е да направите беспрекорен маникир и во домашни услови, ако ги следите овие совети:
Не потопувајте ги ноктите во вода
Потопувањето на рацете во вода може да ги направи ноктите кршливи и суви, вели козметичарката Лорен Дан. Иако натопувањето може да помогне при омекнувањето на грубата кожа на стапалата, тоа не е секогаш потребно за помека кожа на рацете.
Измазнете ја површината на нокотот
По сечењето и обликувањето на ноктите, не заборавајте да ги измазните, вели козметичарката Евелин Лим. Ова ќе помогне да се задржат слоевите лак за време на нанесувањето.
Лакот треба добро да се исуши
За да се исуши, на лакот му требаат седум до 10 минути. Во овој период, обидете се да се одморите и да не правите ништо со рацете.
Избегнувајте сушење со топол воздух
Доколку сакате побрзо да ви се исуши лакот, фенот може да ви помогне, но ако го вклучите на ладно дување, бидејќи топлината може да предизвика меурчиња и пукање на лакот.
Не гризете ги ноктите
Поврзани објави
Ако ја имате оваа навика, веројатно ќе ви биде тешко да се ослободите од неа, но ако сакате вашиот лак да изгледа убаво што е можно подолго, обидете се да не ги гризете ноктите.
Сепак, најважно од сè е да се користи квалитетен лак кој ќе трае подолго на ноктите, како што е Catrice Affair Nail Lacquer. А нам посебно ни фати око луксузната нијанса 021 Caught On The Red Carpet!
Catrice Affair Nail Lacquer 021 Caught On The Red Carpet
Овој лак комбинира интензивна боја со високо-сјаен финиш на гел-ефект кој трае до 7 дена без потреба од база или топ-слој.
Безвременската нијанса на црвено вино зрачи со елеганција, што ја прави идеална за секоја пригода, од канцеларија до ноќно излегување.
Совршен избор за стилска промена на ноктите!
Следете го нашиот инстаграм-профил ubavinaizdravje.mk за да дознаете кои производи се годинешните ѕвезди на убавината и пишете ни кои се вашите бјути-фаворити!
ФОТО: Carol Oliver / Unsplash, ПР