Тијана Дапчевиќ ретко зборува за своето детство, но во едно интервју направено со срце, ја отвори душата. Гостуваше во босанскиот подкаст „Опет Лака“ кај Елвир Лаковиќ Лака и зборуваше за нешто што многумина го носат во себе, ама не го кажуваат – разводот на родителите.
На прашањето дали татко ѝ си заминал или мајка ѝ инсистирала на развод, Тијана одговори тивко, но јасно:
„Не беше дека мајка ми инсистираше… Едноставно, тие не разговараа со години. А живееја заедно. Под ист покрив, без збор.“
И додаде:
„Нема ништо потешко од тоа. Родителите често не сфаќаат што им се случува на децата во тие моменти. Ти си таму, гледаш сè, чувствуваш сè – а никој не зборува.“
Поврзани објави
Во разговорот, таа објасни колку ѝ требало време да разбере зошто има одредени стравови, зошто некои емоции ја преплавуваат без видлива причина.
„Сфатив дека сè доаѓа од таму – од таа тишина. Премногу работи се кршат кога нема комуникација.
Затоа кај мене дома нема тепих – не ставам ништо под него. Сè мора да се разговара.“
Водителот, допирајќи ја темата од лично искуство, потврди колку децата страдаат во тишината меѓу родителите. Разговорот беше искрен, топол и човечки – онаков што ретко се слуша.
Ако имате неколку минути – вреди да го изгледате видеото.