Стариот леб претворете го во кубети или во лебни трошки, кои можете да ги употребите за супи и тестенини.
Остатоците од морков, аспарагус, магданос и блитва можете да ги претворите во вкусна напивка од зеленчук или цеден сок.
Замрзнете ги овошјето и зеленчукот доколку процените дека нема да ги изедете во следните неколку дена.
Поврзани објави
Семките од тиква можете да ги испечете во рерна и да ги претворите во вкусни грицки.
Доколку сте приготвиле премногу храна за еден оброк, остатоците искористете ги како основа за некое следно јадење или, едноставно, од еден ручек направете два.
Текст: Убавина и здравје
ФОТО: Chen Mizrach / Unsplash