Јапонскиот макак Панч стана светски симбол на нежноста кога беше снимен како цврсто ја гушка својата плишана играчка. Денес неговиот живот изгледа сосема поинаку, а новите снимки повторно ги воодушевија луѓето ширум светот.
Јапонскиот макак Панч, кој живее во зоолошката градина „Ичикава Сити“ во Јапонија, пред неколку месеци ја освои јавноста со својата трогателна приказна. Откако мајка му го отфрлила веднаш по раѓањето, негувателите го одгледале рачно и му дале плишан орангутан што станал негов постојан придружник. Фотографиите на кои го гушка играчето станаа вирални и допреа до милиони луѓе.
Во почетокот Панч тешко се вклопувал меѓу другите мајмуни. По секоја средба со групата се враќал кај својата плишана играчка и силно ја прегрнувал, па многумина ја следеле неговата приказна со надеж дека еден ден ќе стане дел од своето мајмунско семејство.
Од осамено младенче до омилен „постар брат“
Неколку месеци подоцна ситуацијата е сосема поинаква. Новите снимки покажуваат дека Панч поминува сè повеќе време со другите мајмуни, особено со помладите. Често ги гушка, им го чисти крзното и останува покрај нив кога чувствува дека им е потребна сигурност.
Еден момент особено ги воодушеви неговите обожаватели – Панч останал покрај мало мајмунче додека во близина се движела врана, како да го чува. Поради ваквото однесување, корисниците на социјалните мрежи почнаа да го нарекуваат „постариот брат“ на групата.
Приказната повторно предизвика лавина од емотивни коментари. „Панч стана токму она што нему му недостигаше кога беше мал“, напиша еден корисник, додека друг додаде дека ова е една од најтрогателните приказни што ги видел во последно време.
Поврзани објави
❤️🔥❤️🔥✨OMGGGGG! 🥺 Kiss 💋 Me! This is peak cuteness! ✨❤️🔥❤️🔥#punch #ichikawazoo #punchi
cr. YT: lallamera 🙇🏻♀️ B4 my 🎶 pic.twitter.com/6t2SyOJngG
— Tica (@ticagg) August 5, 2026
Плишаното мајмунче стана светски хит
Неговата приврзаност кон плишаниот орангутан не остана незабележана. Илјадници луѓе ширум светот решија да ја купат истата играчка, а во некои продавници таа дури беше и распродадена.
За многумина, Панч останува потсетник дека грижата, нежноста и чувството на припадност можат да променат живот – без разлика дали станува збор за човек или за мало мајмунче кое некогаш утехата ја наоѓало во една плишана прегратка.
printskrin X