Почетна Убавина и здравјеКаде е денес и како изгледа познатиот актер? – Убавина и здравје

Каде е денес и како изгледа познатиот актер? – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Многумина се прашуваа каде е Џек Николсон денес, а актерот конечно ја реши мистеријата

Џек Николсон, еден од најголемите актери на сите времиња, трикратен оскаровец и фатален заводник, конечно излезе од илегала и по долга пауза, повторно се појави пред камерите.

Актерот одлучил да се појави на прославата по повод 50-годишнината на Saturday Night Live во Њујорк. Ова е неговото прво појавување по две години, а многумина се прашуваа дали актерот воопшто е жив.

Но годините си го направиле своето, па Џек на настанот се појавил со стап.

Се пишуваше дека актерот има деменција, дека не знае за себе, дека одвај оди и дека самува во својата вила на Мулхоланд Драјв. Не се појавуваше ни натпреварите на Лејкерс, каде што беше редовен гостин. Последен пат го бодрел својот омилен НБА тим во мај 2023 година.

Инаку, Џек имал турбулентен живот, а на 37 години дознал дека жената за која цел живот мислел дека му е сестра, всушност му била биолошка мајка. Со оглед на тоа што била многу млада, одлучила да го лаже дека му е сестра. Освен тоа, Џек често ја шокирал јавноста со својот љубовен живот и се фалел дека бил интимен со повеќе од 2000 жени.


Поврзани објави

Меѓу тие 2000 жени што ги однел во кревет, само една му била законска сопруга, актерката Сандра Најт, со која бил шест години во брак и со која има ќерка Џенифер.

По разводот, не престанал да заведува, па ѝ направил дете на колешка. На актерката Сузан Анспак ѝ направил дете додека снимале жешки сцени за филмот „Пет лесни парчиња“. Иако никогаш не го признал синот Кејлеб официјално, наводно, му платил школување на скап универзитет, а неговата мајка, чија кариера пропаднала, ѝ позајмил околу 500 илјади долари за да може да го отплаќа кредитот за скапата куќа во Санта Моника.

Не можеле да му одолеат ни актерките Феј Данавеј и Кендис Берген, додека поранешната прва дама на Канада, Маргарет Тирдо, се бакнувала со него на задното седиште во автомобил, додека зад воланот седел дискретниот возач, па подоцна рекла дека „тогаш открила колку простор има во Daimler. Данската супермоделка Вини Холман, со која имал кратка, но страсна врска, во 1981 година му ја родила ќерката Хана, а актерката Ким Бесинџер изјавила дека тој е мажот со најсилниот сексуален набој што некогаш го запознала.

„Земам вијагра само кога сум во кревет со повеќе партнерки“, нагласил еднаш Николсон.

ФОТО: Инстаграм