Таа неодамна на Инстаграм објави емотивно видео со ќерката кое, ќе признаете, никого не остава рамнодушен.
Ќерката на познатиот музичар Фил Колинс, актерката Лили Колинс и нејзиниот сопруг, писателот и режисер Чарли Мекдауел, неодамна станаа родители со помош на сурогат-мајка.
Откако ја споделија радосната вест на социјалните мрежи, парот се соочи со остри критики од јавноста.
Нивната родителска улога им пречи на многу корисници на социјалните мрежи, бидејќи славниот пар, како што пишуваат, се приклучил на „трендот на ангажирање сурогат-мајки заради своите себични потреби“.
Најстрогите критичари ја нападнаа Лили Колинс затоа што одлучила да учествува во „неетичкиот тренд“, кој ги поттикнува „богатите луѓе да изнајмуваат женски тела“ и на тој начин се согласуваат со нешто што е многу блиску до трговија со луѓе.
И покрај сериозните обвинувања, Лили не ја крие среќата заради новата улога – улогата на мајка и редовно споделува содржини од приватниот живот.
Поврзани објави
Така, таа неодамна на Инстаграм објави емотивно видео со ќерката кое, ќе признаете, никого не остава рамнодушен.
Како што може да се види од приложеното, Лили заедно со ќерката ужива во песната „I Can’t Dance“ на групата „Genesis“.
Актерката не крие колку ужива во новата улога, а со овој потег на многумина им докажа дека не ѝ е грижа за дежурните критичари.
Фото и видео: Инстаграм