Почетна Убавина и здравје„И Македонија е моја Албанија“ – Убавина и здравје

„И Македонија е моја Албанија“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Бебе Реџа по 12 години се врати во родниот град на татко ѝ, Дебар.

Американската музичка ѕвезда Бебе Реџа(34), со етничко албанско потекло од Македонија, на 25 јули настапи на музичкиот фестивал „Сани хил“ во Приштина, Косово. Таа ја искористи приликата за да го посети Дебар, родниот град на татко ѝ, каде помина време со своите роднини и го посети гробот на дедо ѝ, кој е погребан во едно од околните села.

„По 12 години се вратив во родниот град на татко ми, Дебар, Македонија. Поврзувањето со моите корени и семејството беше многу емотивно. Особено значајна ми беше посетата на гробот на дедо ми, зашто не можев да дојдам на неговиот погреб, бидејќи во тоа време бев на турнеја. Семејството ми значи сè, и оваа посета ме потсети на важноста на нашата поврзаност“, напиша пејачката на Инстаграм, каде објави неколку фотографии од Македонија.

Нејзината објава привлече големо внимание на Инстаграм, каде доби бројни коментари. Дел од нејзините обожаватели ѝ напишаа дека им е драго што успеала да го посети родниот крај на нејзините родители (мајка ѝ, исто така, има потекло од Македонија, поточно од Гостивар), но дел од следбениците ѝ оставија коментари и со политичка конотација, кои алудираат на Голема Албанија и дека Дебар е дел од Албанија.

Поврзани објави

Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора и Прешево, сите се мојата Албанија, им одговори Реџа.

Овој коментар предизвика реакции од страна на македонските корисници на Инстаграм.