Почетна ЕкономијаИ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски учествува во гаснењето на пожарот во Расадник (ВИДЕО)

И градоначалникот Орце Ѓорѓиевски учествува во гаснењето на пожарот во Расадник (ВИДЕО)

од nenad
0 минути читај за

03/09/2024
ВЕСТИ, ЛОКАЛНО


И покрај обидите на скопските пожарникари пожарот во расадник во скопската Општина Кисела Вода се уште не е под контрола. Линијата на пожарот е на околу стотина метри, но директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов вели дека нема место за паника и вознемиреност кај граѓаните од околината.

Вегетацијата во расадникот на места е непроодна, па пожарникарите тешко се пробиваат за да пуштат црева од противпожарните возила. На помош пристигна и градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски кој заедно со пожарникарите го гаснеа пожарот, пишува МКД.мк