Екипи од ЈП Градски паркинг и ЈП паркови и зеленило на терен го уредуваа зонското паркиралиште ДЗ, информираат од Градски паркинг .
– Денес вработени од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, во соработка со екипа од ЈП „Паркови и зеленило“, се на терен со цел уредување на паркиралиштето на зона Д3 во Аеродром.
Се кастрат и отстрануваат дотраените и стари гранки од дрвјата, а воедно паркиралиштето се чисти од смет.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, продолжува со редовните активности, со цел пристапни и чисти паркиралишта за граѓаните, велат од претпријатието.
Вработени во ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, во соработка со екипа од ЈП „Паркови и зеленило“, излегоа на терен со цел уредување на паркиралиштето на зона А01 кај Агромеханика спроти главна пошта во Центар.
Се спроведува редовно рутинско кастрење на дотраените гранки со цел побезбени и попристапни паркиралишта за возилата, а исто така истите се расчистуваат од смет.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, продолжува со засилено темпо да ги извршува редовните потребни активности, а истовремено работи на развивање на други идеи и решенија за целокупната работа на претпријатието со цел понапредно претријатие – по задоволни корисници на јавните паркиралишта, додаваат од претрпијатието.