Почетна БалканИспратено барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски – Курир

Испратено барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски – Курир

од nenad
1 минути читај за
Испратено барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски кое преку МНР ќе биде доставено по дипломатски пат до турските власти.

Oригинал документ е испратен по ДХЛ до Министерството за правда на Република Турција и во скенирана верзија е пратен и до ИНТЕРПОЛ.

-Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција, навремено процесуирање и постапување од нивна страна во најкус можен рок, велат од ресорното министерство.

Барањето за екстрадиција, министерот Кренар Лога го потпиша вчера со што отпочна процедурата за екстрадиција на Љупчо Палевски.

Во текот на денешниот ден беа преведени сите потребни списи и документи на турски јазик, по што барањето за екстрадиција се испрати на турските власти.

Извор : Kurir.mk

Испратено барањето за екстрадиција на Љупчо Палевски