Најдобриот начин да го искористите стариот леб е да го приготвите ова превкусно јадење
Пржениците се популарно јадење од нашето детство, кое најчесто се приготвуваше за појадок или вечера. Главната состојка е бајатиот леб, а речиси сите го обожаваа совршениот вкус.
Доколку обожавате да ги јадете, а сакате да пробате нешто поинакво, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас. Шупливите прженици полнети со кашкавал и шунка се одличен предлог за појадок или вечера. Приготвувањето е многу едноставно, а вкусот е фантастичен.
Состојки:
За пржениците:
- 20 г путер
- 3-4 парчиња леб
За полнењето:
Поврзани објави
- 2 јајца
- 1 лажиче оригано
- 100 г шунка
- 120 г тврд кашкавал
Приготвување:
Стопете го путерот, па наредете ги парчињата леб, откако ќе им ја извадите средината. Изматете јајца, посолете, посипете оригано, па додајте сечкана шунка и рендан кашкавал. Добро измешајте.
Ставете ја смесата во празнината на лебот, израмнете и поклопете, па пржете околу 7 минути. Потоа, превртете на другата страна, повторно поклопете и пржете уште 3 минути.
Погледнете го видеото во продолжение за подетални упатства…