„И втор ден по скандалозните изјави на Александар Николовски во кои тој повикува на војна среде Собрание, слично на наративот од 27 април, ниту Мицкоски, ниту ВМРО ДПМНЕ не се оградија од тие закани. Николовски е охрабрен од неговиот лидер Мицкоски, кој објавува фотографии од заклетва во маскирна униформа, со празен калашников во рацете и опкружен со деца и жени, на кои демонстрира закани кон Албанците“, се наведува во денешното соопштение од Демократската унија за интеграција.
Мицкоски, истакнуваат од ДУИ, се уште не одговорил дали има вистина во тврдењата на неговите градоначалници на општините дека строго им забранил да ги легализираат куќите на Албанците во тие општини, иако ги исполнуваат законските услови, дека им забранил да соработуваат со бизнисмени Албанци, а не да издава градежни дозволи, поттикнати од расистичка демографска политика.
„Нивната мртва трка со Левица на Апасиев ја разгорува етничката нетрпеливост, која секојдневно ја гледаме и слушаме на контактните емисии на македонските телевизии и е директна последица на наративот и сликите на Мицкоски, Николски и Апасиев“, стои во соопштението на „Интегративците“.