100
Вооружените сили на Украина постигнале напредок во контраофанзивата во областа Запорожје на истокот на земјата, објави Американскиот институт за проучување на војната (ISW), јави ДПА.
Украинските единици постигнаа „тактички значаен напредок“, се наведува во извештајот.
Фотографиите покажуваат дека Украинците стигнале до северните предградија на селото Роботина, кое се наоѓа на 10 километри јужно од градот Орихива. Извештајот зборува за поинтензивни руски напади во близина на Купјанск во областа Харков.