Редовно го фотографира својот живот со крпена кукла
Љубовната среќа и совршениот партнер може да се пронајдат кога најмалку го очекуваме тоа и на најнеочекуваните места и ситуации. Се вели дека љубовта е слепа, како и дека вистинската љубов ги надминува сите препреки. Но што ако никако не можете да го најдеме вистинскиот?
Една жена одлучила да не го чека принцот на бел коњ, туку самата да го создаде, и тоа во буквална смисла на зборот! Таа си го направила својот совршен партнер во форма на крпена кукла. И не само тоа – таа се омажила за него и направила прекрасна свадба, па добиле три деца, исто така крпени кукли, кои како што забележале многумина во коментарите на социјалните мрежи, личат на татко им.
Поврзани објави
Коментарите се разновидни – некои ја сожалуваат, други ја осудуваат, а трети ја исмејуваат – но таа не им обрнува внимание. Редовно објавува фотографии од нивните заеднички авантури, од патувања, ресторани, венчавки од породолиште, па дури и од брачниот кревет!