Ќерката на Харис Џиновиќ призна дека не сака да тргне по неговите стапки и дека притисокот од славата ја кочи да запее.
Џина Џиновиќ, ќерката на познатиот пејач Харис Џиновиќ и дизајнерката Мелина, е активна на социјалните мрежи, но за разлика од родителите, не е заинтересирана ниту за музичка, ниту за модна кариера. Иако поседува талент за пеење, таа открива дека не сака да се експонира во јавноста – особено не на сцена.
Во гостување во емисија, Џина искрено зборуваше за своите несигурности.
Имам талент, ама многу ме е срам да пеам. Особено пред тато – тој е голем пејач и тоа ми создава притисок“, изјави таа.
Поврзани објави
Џина додаде дека мајка ѝ ја има слушнато како пее, но не и нејзиниот татко.
Мама знае, ама тато не. Пресрам ме е, не би можела пред него“, рече таа со насмевка.
Иако многумина очекуваа дека ќерката на Харис ќе го наследи неговиот музички пат, изгледа дека таа има свои планови. За сега, таа се држи настрана од светлата на сцената, уживајќи во сопствената приватност и слобода.
printskrin Youtube-IDJTV-TM