Пејачот Милан Топаловиќ Топалко се огласил откако бил запрен од полицијата на патот Зрењанин, каде било констатирано дека возел под дејство на алкохол.
Милан Топаловиќ Топалко преку својот Инстаграм профил истакна дека никого не загрозил со возење под дејство на алкохол.
Имав 0,60… Имам право да правам што сакам со мојот живот, се додека не ги загрозувам другите, а така е барем 30-те години колку што возам“ – напиша Топалко.
Господине Топалко, точно е дека имате право да правите што сакате со вашиот живот, но со возење под дејство на алкохол во голема мера ги загрозувате животите на другите“, се дел од коментарите.
Поврзани објави
Да потсетиме, пејачот Милан Топаловиќ Топалко рано утринава во 1:40 часот на патот Зрењанин бил запрен од сообраќајна полиција.
Со алкотестирање било утврдено дека Топалко бил во алкохолизирана состојба зад воланот на Фордот, со алкохол во крвта од 0,60 промили. Тој бил отстранет од сообраќај, по што полициските службеници направиле пријава.
Фото: printskrin Youtube/NOVA RS
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: