Наташа Аксентијевиќ се соблече по долна облека и порача: „Се разголив“
Актерката и водителка Наташа Аксентијевиќ не крие дека кубури со килограмите, а често прави шеги на сопствена сметка и нагласува дека ужива во храната, а во една пригода сподели дури и фотографија во костим за капење.
Имено, Наташа Аксентијевиќ пред пет години ги извести своите следбеници на Инстаграм дека сака да направи промена и да ослаби, бидејќи тогаш имала повеќе од 100 килограми, а потоа објави фотографија во долна облека и ги покажа сите свои несовршености.
Поврзани објави
Здраво, ова е Ната, жена што тежи над 100 килограми. Се разгаќив, затоа што моите домаќини овде се такви. Немате поим колку големи мора да бидат вашите „кохонес“ за да се разголите во костим за капење со оваа тежина. Секој што го има мојот проблем, лаже ако каже „не ми пречи“. Добро знаете дека не ми е „гајле“ за ништо, и не сум некој што се грижи какво тело има некој. Но да бидам искрена, подобро ќе ми беше да беше поинаку, некако полесно. Пред мене е голема борба. Не се жалам заради тоа, туку се фалам. Ќе дадам се’ од себе. Сето тоа ќе го правам јавно, затоа што ако има само една личност на која ѝ е полесно да помине низ истата борба со мене, ако помогнам само на една личност на тој пат, за мене ќе биде успех. Да ја игнорираме естетиката, се работи за здравјето. „Толку многу те сакам и уште повеќе ми е срам што ти ги објавив овие фотографии, но знам дека ќе ги разбереш моите причини“, напиша Наташа во описот на фотографијата откако си постави задача да ја преполови тежината, бидејќи во тоа време тежела повеќе од 100 килограми.
Фото: Instagram @natasaaksentijevic