Почетна ЕкономијаИкс платформата го промени емоџито на иранското знаме со симбол на монархијата

Икс платформата го промени емоџито на иранското знаме со симбол на монархијата

од nenad
1 минути читај за

Социјалната платформа Икс, претходно позната како Твитер, официјално ја промени иконата што го претставува иранското знаме, заменувајќи ја со симболот на поранешната иранска монархија, но само на својата веб-верзија.

Ова доведе до појава на необични прилози, бидејќи тие автоматски се прилагодувале на промената, како што известува „Скај њуз“.

Старите пораки од врховниот ирански поглавар, ајатолахот Али Хамнеи, одеднаш почнаа да го прикажуваат знамето на монархијата од периодот пред Исламската револуција, кое го вклучува лав со меч и стилизирано сонце.

Истовремено, новите соопштенија од промонархистичката опозиција, кои го користат ажурираното иранско знаме, на мобилната апликација сè уште се појавуваат со знамето на Исламската Република.

Платформата Икс е во сопственост на американскиот бизнисмен Илон Маск. Протестите во Иран започнаа кон крајот на декември 2025 година, поттикнати од ослабувањето на вредноста на локалната валута, иранскиот ријал.

Централниот фокус на овие демонстрации се драстичните промени во девизниот курс и нивното влијание врз цените на големо и мало.

На социјалните мрежи беа објавени видеозаписи од граѓани кои протестираат во Техеран и други градови.

Во овој контекст, претседателот на Иранската централна банка, Мохамед Фарзин, поднесе оставка, а неговото место го презеде Абдолнасер Хемати.

Во неколку ирански градови, демонстрациите прераснаа во судири со полициски сили и беа проследени со извици против актуелниот политички режим. ссм/фото: принтскрин.

Извор: МИА