Гвинет Палтору (51), оскаровката, застапничка за алтернативна исхрана и основач на компанијата „Гуп“, студените денови ги замени со Мексико и високи температури. Актерката го поминува декември на плажа во бикини.
Гвинет Палтроу во последните пет години во неколку наврати беше предмет на дискусии на социјалните мрежи и во медиумите поради нејзиниот неконвенционален начин на исхрана, пристапот кон животот и изјавите кои ја заинтригираа јавноста.
Без разлика на тоа, Гвинет ја покажа својата вита линија на 51-годишна возраст на плажа во Мексико.
Актерката е фотографирана со пријателката додека шетала на плажа.
Поврзани објави
Инаку, пред четири години, Гвинет изјави дека живее со сопругот Бред Фалчук четири дена во неделата, а преостанатите три тој оди во својата куќа.
Сите мои пријатели кои се во брак мислат дека начинот на кој живееме е идеален и не треба да го менуваме, изјави Гвинет во интервју за Style Magazine, додавајќи дека за овој потег добила „амин“ од своите учители за интимност.