Вечерва, 15.12.2022 во 18 ч. (локално време), во галеријата МЦ (Gallery MC, 549 W 52 Str.) во Њујорк беше отворена самостојната изложба на слики на Мице Јанкуловски „Најцрната црна“.
Куратор на изложбата: Корнелија Конеска
Куратор и текст за изложбите: Емил Алексиев
Организација: Горазд ПопоскиПоддржано од Министерството за култура на РСМ
На изложбата се претставени слики од најновата продукција на уметникот кој слика со најцрната боја – карбонот, откриена со помош на нано-технологија. Верен на својот уметнички стил на минимализам, модуларност, мултипликација и монохромност, Јанкуловски се претстави пред публиката во Њујорк со извонренда поставка од слики со геометриска апстракција од карбон на платно и акрил на платно. Оваа е втората од двете изложби на уметникот во декмври 2022 во Њујорк. Првата изложба се отвори во Галеријата Артифакт (Artifact Art Gallery, 84 Orchar Str., NYC) на 7 декември 2022.а изложбите напишаа:
Корнелија Конеска, куратор
Емил Алексиев, историчар на уметност и писателИзвадок од текстот „Црно сликарство“ за уметничкото дело на Јанкуловски Пред црните слики на Мице Јанкуловски стоиме пред бескрајното црно море. Тоа е морето што го опкружува светот. Последното море на крајот на светот. Крај на познатото и видливото. Почеток на непознатото и невидливото. Застрашувачко место каде длабоките темни води на несвесното бледнеат во темнината на непостоењето. Црно и црно. Простор во кој престануваат да важат законите на светот и каде владее не-вид. Тоа е темнината зад границата на видливото, надвор од хоризонтот на настаните. Крајот на вселената и нејзиниот почеток. Тука сè завршува и сè започнува …
За уметникот
Мице Јанкуловски како уметник во своето творештво е посветен на истражувањето во сликарството и цртежот, додека со децении е јавно присутен преку повеќе уметнички дисциплини како сликање на стакло, карикатура, анимиран филм, палиндроми..Неговата биографија содржи повеќе од шеесет самостојни изложби во земјата и во странство и забележителни презентации на значајни меѓународни изложби и манифестации.Јанкуловски е овогодишен добитник на највисоката државна награда за животно остварување „11 Октомври“ за уметност и е еден од најуспешните македонски уметници со меѓународна кариера. Покрај највисоката државна награда, Јанкуловски е добитник на бројни меѓународни награди, вклучително: Наградата „Најдобар уметник“ на Ларнака биенале 2021; Наградата РЕМБРАНТ – за извонредност во уметност за 2020 (од Светската асоцијација за визуелни уметности); Наградата „Ел ГРЕКО“ на Арт Тесалоники 2019; Наградата „Лоренцо Ил Мањифико“ за животно остварување на Фиренца Биенле 2019; Наградата „Уметник на светот“ на Ларнака Биенале 2018; Гран при на Меѓународното биенале за графика Варна во 2017, …
Ве молам информацијата споделете ја со пошироката јавност…
var penciCommentCallback = function ( response ) { jQuery.ajax( { type: 'GET', dataType: 'json', url: 'https://maktel.mk/wp-admin/admin-ajax.php', data: { action: 'penci_clear_fbcomments', post_id: '' } } ) };
FB.Event.subscribe( 'comment.create', penciCommentCallback ); FB.Event.subscribe( 'comment.remove', penciCommentCallback ); }; (function ( d, s, id ) { var js, fjs = d.getElementsByTagName( s )[0]; if ( d.getElementById( id ) ) { return; } js = d.createElement( s ); js.id = id; js.src="https://connect.facebook.net/en_US/sdk.js#xfbml=1&version=v3.0&appId=348280475330978&autoLogAppEvents=1"; fjs.parentNode.insertBefore( js, fjs );
window.fbAsyncInit = function () { FB.init( { appId: '348280475330978', autoLogAppEvents: true, xfbml: true, version: 'v3.0' } ); };
}( document, 'script', 'facebook-jssdk' ));


