Ф’стаците се одличен извор на здрави масти, влакна, протеини, антиоксиданси и содржат бројни хранливи материи, како витамин Б и тијамин, поради што го поттикнуваат варењето и добрите бактерии во цревата
Дали поради познатото „Дубаи“ чоколадо или поради нешто друго, во последно време ф’стаците се многу популарни. Еве како да приготвите домашен крем од ф’стаци – совршен за десерти!
Состојки:
- 200 г несолени и непечени ф’стаци.
- прстофат ванилин шеќер
Приготвување:
Поврзани објави
Блендирајте ги ф’стаците околу 20 минути. Постепено ќе се претворат во паста, а потоа во путер. Кога ќе се претворат во путер, блендирајте уште 3-4 минути. Потоа, префрлете ги во тегла.
Кремот можете да го чувате неколку недели во херметички затворен сад. По желба, на крајот додајте малку ванилин шеќер или други зачини по избор.
Добар апетит!
ФОТО: Brenan Greene / Unsplash