Table of Contents
Многу лесно се приготвува
Овој колач воопшто нема да ви одземе време
Состојки:
- 1/2 кг бисквити
- 700 мл млеко
- 1 пудинг од чоколадо
- 250 г путер или маргарин
- 150 г шеќер во прав
- 100 г млечно чоколадо (или за готвење)
Приготвување:
Поврзани објави
1. Сварете го пудингот во топло млеко, па додека е врел, додајте здробено чоколадо. Мешајте додека се растопи целосно и оставете го да се олади.
2. Путерот или маргаринот добро изматете го со миксер заедно со шеќерот во прав, па во тоа додајте го оладениот пудинг.
3. Потопете ги бисквитите во млеко и наредете ги во калап. Премачкајте ги со филот од пудинг и чоколадо и повторувајте ја постапката додека ги искористите сите состојки. Декорирајте ја тортата со преостанатиот фил, украсете ја со рендано чоколадо и оставете ја добро да се олади пред да ја послужите.
Белгиските слаткарници со години го криеја рецептот: Чизкејк со тиква, се бара парче повеќе (рецепт)