Почетна ЕкономијаИван Пенава останува лидер на Татковинското движење

Иван Пенава останува лидер на Татковинското движење

од nenad
1 минути читај за

Иван Пенава останува претседател на Татковинското движење, добивајќи едногласна поддршка од 64 делегати кои останаа во една од салите на хотел Интерконтинентал во Загреб, откако неговиот противкандидат Марио Радиќ и неговите следбеници го напуштија Изборното собрание, јави Хина.

Стипо Млинариќ стана нов заменик претседател на партијата, а последиците можеше да ги почувствува парламентарното мнозинство, пренесува Хина.

-Како што и најавивме, ситуацијата беше под контрола сето ова време, рече Пенава по потврдувањето на мандатот на чело на партијата во наредните четири години и им се заблагодари на сите што биле храбри и овозможиле демократски изборен процес.

 Пенава ги повика сите заедно да одат напред за да ја одржат стабилноста на Владата. -Нашата победа е во сооднос 64:39.

За мене не е спорно останувањето на Радиќ во партијата и уште еднаш ги повикувам сите да останат заедно, да изградиме пат напред како трета политичка опција во државата.

Сите се добредојде, рече Пенава.

Десничарското конзервативно Татковинско движење, кое е помалиот партнер во ХДЗ-овската влада на Андреј Пленковиќ, денеска избра ново раководство на предвремените внатрепартиски избори.

Делегатите, (103), одлучуваа меѓу актуелниот прв човек на партијата и градоначалник на Вуковар, Иван Пенава, поранешен член на ХДЗ, и Марио Радиќ, кој моментално ја извршува функцијата заменик претседател на ТД.

Пред изборите тензиите се зголемија до максимум, а партијата буквално беше поделена на два табора. сд/фото:МИА архива .

Извор: МИА