Прочитајте зошто жените го обожаваат и кои се неговите придобивки.
Што е масло од рузмарин?
По потекло од медитеранскиот регион, маслото од рузмарин е лесно масло добиено од растението рузмарин и често се користи во парфеми, производи за нега на кожа и коса. Делува како антиоксидантна, антиинфламаторна и антимикробна состојка.
Како маслото од рузмарин делува на косата?
Го подобрува растот на косата
Растението рузмарин содржи карнозинска киселина, која е позната по тоа што го третира оштетувањето на нервите, оштетувањето на ткивото и го подобрува обновувањето на клетките. Затоа, ја подобрува и циркулацијата на крвта. Причината зошто циркулацијата на крвта е толку важна за растот на косата е затоа што без соодветно снабдување со крв, фоликулите не ги добиваат хранливите материи што им се потребни за раст на косата и можат да изумрат.
Всушност, ако сакате поцелосни, погусти и пожестоки прамени, експертите се согласуваат дека маслото од рузмарин е едно од најефикасните масла за раст на косата на пазарот.
Ја намалува иритацијата на скалпот
Истражувањата покажаа дека маслото од рузмарин за коса може да го намали чешањето на скалпот. Рузмаринот во форма на есенцијално масло има антиинфламаторни својства и тоа е докажано, па затоа, велат експертите, за очекување е да помага и за смирување на иритацијата на скалпот.
Може да го спречи опаѓањето на косата
Маслото од рузмарин е моќен антиоксиданс кој може да се бори против слободните радикали. Слободните радикали се агресивни молекули кои ги уништуваат клетките со текот на времето и на крајот може да доведат до губење на косата. Најефективен начин за борба против слободните радикали е да користите антиоксиданти.
Поврзани објави
Ја спречува појавата на првут
Освен што ја подобрува циркулацијата на крвта во скалпот, маслото од рузмарин ги елиминира бактериите кои ги затнуваат фоликулите на косата. Затоа, може да се користи во борбата против првутот.
Кога да очекувате резултати?
Вашата коса нема магично да се трансформира. Студиите кои ги проучувале ефектите на маслото од рузмарин врз косата покажале дека се потребни повеќе од шест месеци за да се видат резултати, односно косата да стане побујна и посилна.
Кои се недостатоците од користењето масло од рузмарин за коса?
Маслата се тешки сами по себе и тоа може да го отежне обликувањето на косата. Ако имате тенка или ретка коса, маслата може да направат вашата коса да изгледа мрсна и густа. Ако тоа е случај со вас, користете го маслото еднаш неделно пред длабоко шампонирање.
Колку често треба да ставате масло од рузмарин во косата?
Ако се обидувате да го контролирате чешањето од првут, користете масло од рузмарин три до четири пати неделно. Масирајте го директно во скалпот, оставете да делува 20 минути, а потоа измијте го со шампон. Ако имате многу фина коса и/или мрсен скалп, користете масло од рузмарин еднаш неделно како третман и веднаш измијте го за да избегнете маснотии. Иако маслото од рузмарин не е штетно, подобро е да не го оставате во косата во текот на ноќта, бидејќи може да ја наруши микрофлората на скалпот. Ова важи за сите масла за коса, не само за маслото од рузмарин.
Фото: Freepik.com