Интимноста не завршува со прстенот. Зошто мастурбацијата останува важна и во бракот?
Вистината е дека мастурбацијата, иако е често табу тема може да има значајна улога во една стабилна брачна врска. Таа не е знак на незадоволство, туку дел од здрава сексуална автономија, самоистражување и емоционален баланс.
1.Го зголемува чувството на самодоверба и контрола
Мастурбацијата им помага на жените подобро да го запознаат своето тело, да ги разберат сопствените желби и да развијат подлабоко чувство на самопочит и сексуална автономија.
2.Ја зајакнува карличната мускулатура
Мастурбацијата не е само пријатна, туку и корисна за телото особено за мускулите во карличната област. Редовната стимулација може да придонесе за подобра контрола на овие мускули, кои играат важна улога во поддршката на органите, дигестијата и контрола на мочниот меур.
3.Ви помага да стекнете сексуално искуство
Мастурбацијата е начин да се истражат сопствените желби, граници и извори на задоволство, особено ако немате многу сексуално искуство. Таа ви овозможува да научите што ви годи, што ви пречи и како да го комуницирате тоа со партнерот. Со подобро познавање на сопственото тело, сексуалниот живот во бракот може да стане поисполнет и автентичен.
Поврзани објави
4.Ви овозможува време за себе и лична релаксација
Мастурбацијата е начин да се поврзете со себе без обврска или очекувања од партнерот. Кога сте уморни, под стрес или едноставно сакате момент само за себе, таа може да биде брз и ефикасен начин за опуштање. Освен тоа, не ја става целата одговорност за вашето сексуално задоволство врз партнерот.
5.Помага за подобар сон и намалување на стресот
Мастурбацијата е природен начин за опуштање, го намалува крвниот притисок, ги ослободува хормоните на среќата и ви помага полесно да заспиете. Идеална е како вечерна рутина кога ви треба мирен и квалитетен одмор.
6.Го ублажува сексуалниот притисок во врската
Во бракот не секогаш двајцата партнери имаат иста желба за интимност и тоа е сосема нормално. Мастурбацијата овозможува еден од партнерите да ги задоволи своите потреби без другата страна да се чувствува притиснато или виновно. Така се одржува рамнотежата и се зачувува хармонијата во врската.
Фото: Pexels.com