Радосна вест во „Пинкови ѕвезди“ накратко предизвика шок, а потоа смеа во студиото
Пејачката Зорица Брунцлик направи вистинска збрка во емисијата Пинкови ѕвезди, кога на духовит начин соопшти дека „чека бебе“. Нејзината изјава на момент ги збуни и жирито и публиката, пред да стане јасно дека станува збор за радосна вест поврзана со нејзин кандидат.
По настапот со кој обезбеди директен пласман понатаму, Марко Игњатовиќ беше во центарот на вниманието, кога Зорица со широка насмевка откри дека токму тој ќе стане татко.
Пред сѐ, морам да се пофалам – ние чекаме бебе“, рече таа, предизвикувајќи момент на тишина во студиото.
Поврзани објави
Кандидатот брзо ја разјасни ситуацијата и ја потврди веста, додавајќи дека станува збор за време од неколку недели. Во тој момент атмосферата се опушти, а радоста се префрли и на другите членови на жирито.
Дополнителна доза хумор внесе Драгомир Деспиќ Десингерица, кој низ шега праша што ќе каже сопругот на Зорица, хармоникашот Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, на тоа што „таа чека бебе“. Коментарот предизвика громогласна смеа и уште еднаш покажа дека во шоуто, покрај талентот, има место и за добра забава.
Youtube printscreen/Pinkove zvezde