Територијалните претензии на светската сцена не сме ги виделе со децении по крајот на втората светска војна. Прв пат таа тема ја врати Путин со гарабањето на една третина од Украина. Сега Трамп ја нормализира таа ситуација со тоа што уште не седнат во Белата Куќа одеднаш отвора теми за соединување на Кина со САД, окупација на Панама и Грендланд?!?! Со ова тој му помага на Путин да се нормализира темата земање на туѓи територии по основ КАЈ ШТО ИМА СИЛА, СЕ МИ СЕ МОЖЕ?! Со тоа и Кина ќе си го земе Тајван, Русија ќе си земе третина од Украина но за возврат Кина и Русија ќе се согласат САД да ги окупираат Грендланд и Панама а ако дозволат Канаѓаните на референдум и да се соединат Канада и Русија?!!
Кој можеше да верува дека во 2025-та ќе зборуваме за овие теми?! Но кога ќе изгласате за претседател лик како Трамп што друго можевме да очекуваме. Овие следни 4 години ќе бидат луди до коска. Наместо да го врати светот во рамките на меѓународното право и сите народи да имаат некакви права и гаранции, Трамп и Путин ќе почнат да го делат светот на салфетка во Маралаго и Кремаљ, ние малите земји ќе бидеме монета за поткусуравање. И ние ќе го јадеме стапот, Косово пак ќе се дестаблизира, мислам дека и Косово ќе биде жртва на тие трампите и можеби Србија ќе добие дозвола пак да се врати на Косово или да отцепи дел од Косово и ние ќе бидеме колатерална штета, се надевам дека грешам…
Саше Ивановски