Почетна Убавина и здравје„Змија во мијалникот!“ – Нада Топчагиќ во шок откако ѝ се појавила змија долга два метра

„Змија во мијалникот!“ – Нада Топчагиќ во шок откако ѝ се појавила змија долга два метра

од nenad
1 минути читај за



Пејачката доживеала хорор сцена во својата куќа на море – „Ја видов пред себе, ќе паднев в несвест!“

Познатата пејачка Нада Топчагиќ доживеала вистински шок во својата куќа во Калуѓеровина, близу Тиват, откако ѝ се појавила змија долга цели два метра – и тоа во кујната, право од мијалникот.

Само што се наведнав да ги измијам садовите, а пред мене – змија. Тенка како прст, долга, се провлекла некако. Мајко мила, тоа не се гледа секој ден. Имам трауми, и кога сум во Белград внимавам!“, раскажа вознемирено Топчагиќ.

Според неа, змиите се честа појава во тој крај, особено летно време.

Русите копаат горе, а змиите бегаат надолу – кај мене! И во морето одат, верувај ми!“, додаде пејачката.

Ова не е првпат Нада Топчагиќ да има проблеми во својата куќа покрај море – претходно ѝ беше заграден и приодот до домот од страна на руски милијардер.

printskrin Youtube-blica nada topcagic