Почетна Убавина и здравјеЗлатниот пресек одлучил дека нивните тела се совршени – Убавина и здравје

Златниот пресек одлучил дека нивните тела се совршени – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Златниот пресек, кој често се нарекува и „божествени пропорции“, со векови ги пленел уметниците, архитектите и математичарите

Според златниот пресек, веќе е познато дека жената со најубаво лице е Бела Хадид, а сега докажано е и кои женски тела го носат епитетот „совршени“.

Токму според овој божествен пресек откриено е дека овие 9 жени имаат совршено тело:

1. Селма Хаек

Интересен е фактот што Селма отсекогаш одбивала да признае дека ги зголемила градите по хируршки пат. На прашањето од новинарите како одеднаш ѝ пораснале градите, таа одговорила: „Му се молев на Бог и ги допирав со света вода, и ете ги…“

2. Ел Мекферсон

Позната по прекарот „тело“, линијата на Ел Мекферсон се должи на макотрпно вежбање и доследност. Оваа жена никогаш не се откажува од својата цел – да има совршено тело.

3. Камерон Дијаз

Камерон Дијаз првпат го привлече вниманието на јавноста во филмот „Маска“. Нејзиното убиствено згодно тело можеме да го видиме и во многу други филмови, па овој избор не нè изненади многу.

4. Кети Пери

Пејачката пред неколку години на свет го донесе своето прво дете Дејзи. Нормално, тежината драстично ѝ се смени по породувањето, па Кети со месеци вежбаше за да ја доведе линијата до совршенство. Со оглед на тоа колку брзо ослабна за само неколку месеци, многумина се сомневаат дека тоа се должи на лекот Оземпик. Но Кети никогаш го нема потврдено тоа.

Поврзани објави

5. Кели Брук

Единствената жена која со години е позната по своите идеални пропорции е токму Кели Брук. Иако не е класична слаба девојка, таа има совршени пропорции на телото.

6. Мерилин Монро

Мерилин се сакала себеси и своето тело и токму затоа важела за една од најзгодните жени што некогаш постоеле. Според денешните стандарди за убавина, многумина би кажале дека би требало да биде послаба. Но златниот пресек вели дека била совршена и ние му веруваме!

7. Хелен Мирен

Хелен Мирен е доказ дека убавината не мора да има рок на траење. Оваа жена навистина знае како да старее!

8. Ким Кардашијан

За Ким Кардашијан велат дека вадела ребра за да има потесен струк, дека го полнела задникот за да биде позаоблена и слично. Но таа никогаш нема потврдено ништо од ова освен тоа дека вежба 5 дена во неделата.

9. Скарлет Јохансон

Таа е олицетворение на класичната убавина која секогаш наоѓа начин да му се допадне секому. Скарлет е доказ дека само мајката природа може да создаде совршено тело и лице.