Пејачката Злата Петровиќ призна дека ја посетувала клиниката, но демантира дека е пациент – откри зошто навистина била таму.
Пејачката Злата Петровиќ последниве денови повторно е во центарот на вниманието, откако беше забележана во белградска клиника специјализирана за лекување на зависности. Според извори од установата, таа делувала весело и пријателски, но тоа не ги спречи гласините дека е таму на третман.
Злата е секогаш културна и насмеана. Не знам дали е поврзано со алкохол, но слушнав дека доаѓа на контроли“, изјави анонимен извор од клиниката.
Сепак, Петровиќ брзо реагираше и потврди дека навистина ја посетила установата, но не како пациент, туку за да ѝ помогне на пријателка од Виена.
Поврзани објави
Точно е дека бев таму, но не за себе. Одев неколку пати да ѝ однесам работи на пријателка. Не сум на лекување, немам ништо и не одам на контроли. Ако имав проблем, отворено ќе кажев“, изјави таа и додаде дека нема намера да се оправдува.
Според неа, ваквите гласини најверојатно се појавиле по изјави на Ена Чолиќ во реалното шоу „Елита 8“. Злата нагласи дека не се вознемирува од муабети, но ѝ е важно нејзиниот син Јован да не се грижи поради сè ова.
printskrin Youtube-kurir zlata petrovic