Почетна Убавина и здравјеЗдравко Чолиќ испрати камион со вода за луѓето во поплавените подрачја во Босна и Херцеговина – Убавина и здравје

Здравко Чолиќ испрати камион со вода за луѓето во поплавените подрачја во Босна и Херцеговина – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Здравко Чолиќ испрати камион со вода за настраданите во поплавите што ја погодија Босна и Херцеговина и ги повика сите на солидарност. Дел од донацијата е веќе пристигната, пишува „Кликс“.

Да потсетиме, по трагичната вест, бројни јавни личности од БиХ излегоа да споделат апели за помош и да го кажат својот став за состојбата на инфраструктурата и владата.

Обилните дождови кои во текот на ноќта зафатија поголем дел од Босна и Херцеговина предизвикаа смртоносни поплави во повеќе градови.


Поврзани објави

Само на подрачјето на Јабланица во поплавите и свлечиштата што синоќа ја погодија БиХ загинаа 16 лица, додека во Фојница се удавија две лица, со што вкупниот број на загинати се искачи на 18, а се стравува дека оваа бројка може да биде значително поголема. .

Урнати се голем број куќи, се урнаа патишта, мостови, па дури и железничка пруга. Се бара сместување за голем број луѓе кои останале без покрив над главата.

 

Фото :Инстаграм Принтскрин