Ви откриваме одличен трик кој уште повеќе го олеснува традиционалниот начин на бојосување јајца
Бојосувањето јајца во луковина е традиционален и проверен начин да добиете прекрасни природни нијанси, но периодов на ТикТок се појави трик благодарение на кој боите ќе бидат уште помагични. Имено, во луковината треба да додадете само уште еден необичен производ – авокадо.
Оваа комбинација на луковина и авокадо им дава на јајцата нијанса на бакар, кафена, маслинеста, дури и розова боја – совршено за сите што сакаат нешто поинакво и природно.
Состојки:
- лушпи од 6 главици виолетов кромид
- кори од 2 авокада
- 2 л вода
- 2 лажици оцет
- јајца
Поврзани објави
Постапка:
Издвојте ја луковината и ставете ја во две литри вода. Отстранете ја кората од авокадото, исечкајте ја ситно, па измешајте ја со водата и луковината.
Во водата додајте две лажици оцет и ставете ја на рингла. Додека зоврие водата, можете да ги украсите јајцата со тревки на традиционален начин – намокрете го јајцето, па залепете тревка или цвет на него. Потоа ставете го во чорапа или газа.
Кога ќе зоврие водата, тргнете ја од рингла, па ставете ги јајцата во неа да се варат. По 20-тина минути, тргнете ги оган и оставете да се оладат. Внимателно извадете ги јајцата и оставете ги да се исушат.
Потоа, премачкајте ги со масло за да заблескаат.