Почетна МакедонијаЗа Ердоган нема трет пат: Сепаратистичките убијци или ќе го закопаат оружјето или ќе бидат закопани

За Ердоган нема трет пат: Сепаратистичките убијци или ќе го закопаат оружјето или ќе бидат закопани

од nenad
1 минути читај за




Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека ерата на оружје, насилство и терор е завршена. Тој говореше на регионалниот конгрес на неговата владејачка Партија на правдата и развојот во северниот град Самсун.

Според него, „сепаратистичко-терористичката организација дојде до крајот на својот живот“.

Турција како таква терористичка организација ја дефинира Курдската работничка партија (ПКК), како и нејзините здружени формации во Сирија.-Нагласувам дека во нашиот регион нема повеќе простор за терор во иднината на нашата земја или нашиот регион –  рече Ердоган.