Почетна МакедонијаЗарем заборавивме? Пржино е производ на корумпирана демократија

Зарем заборавивме? Пржино е производ на корумпирана демократија

од nenad
1 минути читај за

Да се каже дека веќе не е потрбна Пржинска влада е голем комплимент за сегашната влада и за владеачките партии кои ја сочинуваат. Тоа е признание од опозицијата до власта дека довербата во чесна смена на власта е воспоставена и дека не е потребно ова „гупаво“ решение, кое и не е така глупаво кога си имате работа со нечесни и нефер политичари. Откажувањето на ВМРО-ДПМНЕ од контрола на полицијата во предизборниот и изборниот период е доказ дека е срушена неприкосновената позиција на полицијата како најефикасниот инструмент за контрола на изборите.Зашто, како што знаеме, во стоте денови пржинска влада, на опозицијата и се предава министерството за внатрешни, како гаранција дека нема да има изборни измами кои се дел од балканската изборна традиција.

   

Прифаќајќи го комплиментот, власта треба да се согласи со барањето на опозицијата и да и објасни на јавноста што се сторила за да се поврати довербата во банкротираниот изборен процес на претходниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Груевски. Да објасни што сторила за да ја спаси банкротираната демократија. Оти да не е така, да нема демократска клима или демократски инструменти за контрола, опозицијаата ни на сон не би помислила да не влезе во владата за да има целосен увид врз изборите. Или се работи за нешто друго: јавајќи на бранот на повредените македонски национални чувства ВМРО-ДПМНЕ да не седне во влада со која ќе претседава Албанец (ДУИ) зашто се е фрлено на националната крата. Како во вицот за рипката и пијаницата кој прво побарал реката да стане ракија, потоа езерото да стане ракоја а третата желба, после подолго размислување, му била уште една чашка ракија.

Денко Малески