Почетна ВестиЗалужни тврди дека Украинците ја преземале стратешката иницијатива на бојното поле

Залужни тврди дека Украинците ја преземале стратешката иницијатива на бојното поле

од nenad
1 минути читај за
t

Валериј Залужни/ Фото EPA-EFE/GLEB GARANICH / POOL
Врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни во телефонски разговор со началникот на Генералштабот на американската армија Марк Мили изјави дека украинските сили успеале да ја преземат стратешката иницијатива на бојното поле.

   

„Разговаравме за ситуацијата на целата линија на фронтот. Украинските сили успеаја да ја преземат стратешката иницијатива, безбедносните и одбранбените сили на Украина продолжуваат со офанзивните операции, имаме напредок“, напиша Залужни на Телеграм, пренесува Укринформ.Тој додаде дека руските војници даваат силен отпор, но во исто време претрпуваат големи загуби.

„Дополнително, непријателот се обидува да се задржи на позициите до кои стигнал поради континуираното минирање на теренот“ вели тој.
Залужни зборуваше и за итните потреби на Украина од оружје, муниција и опрема за деминирање.„Му се заблагодарив на пакетот за воена помош што САД го објавија во вторникот. Се договоривме да останеме во контакт и да ги координираме акциите за ослободување на украинската територија“, рече тој.
Како што јави украинската агенција, Залужни изјави дека украинската офанзивна операција продолжува според планот.