Со новата кампања, Lisca нè потсетува дека ние жените сме незапирливи – токму такви какви што сме, единствени и полни со сила. Заедно и во долна облека што ни дава дополнителна самодоверба, можеме да ја изразиме нашата личност и да го живееме животот исполнето, без ограничувања.
Ние жените сме незапирливи. Секоја од нас е посебна, секоја носи своја приказна, секоја е вредна. Автентична. Кога се поврзуваме и воздигнуваме една со друга, стануваме посилни и низ животот танцуваме на свој начин – без споредби и без ограничувања.
Во нашата разновидност го живееме и славиме животот, ги прифаќаме нашите тела и се сакаме себеси – такви какви што сме. И токму тука долната облека има посебна улога.
Lisca се грижи долната облека да биде удобна како втора кожа и да ни даде слобода и самодоверба да се чувствуваме силни и доволни сами на себе. Кога се чувствуваме пријатно во неа, се сакаме себеси. Кога ја носиме, ја изразуваме нашата личност и се следиме себеси. Тоа е силата на женственоста што нè поврзува, нè инспирира и нè потсетува дека нашиот живот е само наш – исполнет, автентичен и незапирлив.
Lisca Essentials линијата на долна облека е вистински must-have. Парчињата во основни нијанси како црна, боја на кожа и бела, како и во други бои како темна бордо и пудра-розева, повторно нè инспирираат да ја изразиме нашата сила и женственост на свој начин.
Серијата Bella нуди клучни must-have парчиња долна облека со мазни линии, соодветни за сите модни комбинации, како и модели кои што убаво ја обликуваат фигурата. Долната облека во црна боја и боја на кожа е незаменлив дел од секоја гардероба. Градниците обезбедуваат одлична поддршка и создаваат прекрасно деколте, додека завршетоците без шев ни овозможуваат дискретност под припиената облека.
Дали сакате вашите пополни облини да изгледаат убаво? Со парчињата кои обликуваат од серијата Bella тоа е едноставно. Секое тело може да биде убаво, а вистинската долна облека ви помага да се чувствувате самоуверено и удобно во својата кожа.
Серијата Opal носи модели и за поголеми величини, некои достапни сè до корпa H, каде што правилната поддршка и удобноста се особено важни. Секој детаљ е внимателно прилагоден за да се чувствувате удобно и самоуверено, без разлика на величината и обемот на облините.
Поврзани објави
Дополнително серијата воодушевува и со својот придонес кон поодржливата модна индустрија – користени се рециклирани влакна што го намалуваат влијанието врз животната средина и ја поддржуваат одржливата мода.
Нова година, нова сезона на модни новитети
Новата година уште кон крајот на јануари носи модни новитети во понудата на Lisca, меѓу првите е серијата Sia. Таа воодушевува со мазни линии и рабови без шевови кои што нудат дискретност под облеката. Моделите се визуелно привлечни, но и функционални и идеални за секојдневно носење, бидејќи ги спојуваат удобноста и современиот минималистички дизајн.
Палетата на бои на серијата Sia е исто така внимателно осмислена: класичната црна е секогаш безвременска, а подоцна како контраст ќе ѝ се придружи и освежувачката боја на лубеница – за доза живост и свежина во гардеробата.
Колекцијата е совршена за комбинирање со наметка или ноќница, а дополнително е збогатена со суптилни транспарентни детали.
Серијата Sia е доказ дека модата може да ги обедини естетиката, функционалноста и удобноста – за секојдневно носење исполнето со самодоверба.
Текст и фото: ПР