Во тек е реконструкцијата на улицата Христијан Тодоровски – Карпош, овој проект предвидува два асфалтни слоја, изградба на нови тротоари со бехатон коцки и рабници, како и изградба на потпорен ѕид на дел од улицата. Проектот се изведува со средства од Светска банка преку Министерството за транспорт, а изведувач е Стоименов дооел Кочани.
Досега се изградени потпорните ѕидови со должина од 155 метри, додека вкупната должина на улицата е 288 метри, дополнително се направени пристапни скали кон влезовите, кои првично не се предвидени со проектот, а ќе се постави и заштитна ограда. Првиот слој асфалт е завршен, останува уште еден слој асфалт кој ќе се постави во текот на оваа недела, како и доуредување на тротоарите, по што ќе следи и хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Општина Пробиштип продолжува да работи за подобри услови на сите граѓани. – Градоначалник Драган Анастасов – Ладич.