Почетна Убавина и здравје„Животна школа како не треба“ – Убавина и здравје

„Животна школа како не треба“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија и славен кошаркар Перо Антиќ за време на гостувањето во подкастот на Боки 13 првпат јавно проговори за причините за раскинувањето на емотивниот однос со познатата манекенка Катарина Ивановска.

Имено, Боки 13, поттикнат од прашањата на љубопитните гледачи на подкастот, беше упорен во настојувањето Антиќ да ја каже вистината за раскинувањето, на што тој му одговори кратко:

„Школа.“

„Каква школа?“, праша Боки.

„Животна.“

„И, што научи ти од таа животна школа?

„Како не треба. Дека не треба да се трпи, дека не треба да се дава толкава слобода на луѓе што не ја заслужуваат…“

„Ама што трпеше?“, настојуваше Јовановски.

„Неправедности… нелојалност.“


Поврзани објави

„Те превари? Да или не?“

„Да!“

„Па каде нашла подобар од тебе?“, се зачуди водителот.

„Ама ако, со среќа, тоа така требало да биде за да запознам некоја друга особа“, откри славниот кошаркар.

„И, што направи кога дозна?“

„Ништо, згаснаа емоциите, почитта, прекинав и продолжив понатаму“, заклучи Перо Антиќ.

Целосниот разговор на Перо Антиќ и Боки 13 можете да го погледнете во продолжение:

Видео: Youtube